треба (гл.) - нов (прид.)

Сега треба нови, а како може секоја година нови? Божем оваа држава е крава молзница!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога му го поставивме истото прашање од почетокот на статијава за потребата од нови фонови, тој одговори: „Денот кога веќе нема да ни се потребни нови фонтови, ќе биде истиот ден кога нема повеќе да ни требаат нови приказни и песни.” извор: Print превод: Сања Фрковиќ Маргина 36 183 184 okno.mk Постои чудна нерамномерност во проучувањето на пишуваниот јазик: некои негови видови, како што се историјата на алфабетското писмо, научниците со генерации грижливо ги испитуваат; некои други видови, како што се психолошките процеси врз коишто се засновани читањето, пичувањето и правописот (во смисла на графичко претставување на одредени гласови), станаа предмет на сериозно проучување дури во осумдесеттите години.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нас ни требаат нови кадри и потенцијали!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сега сум Холанѓанка, рече, ми треба нов изглед.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ни требаат нови евтини вредности.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Со самото тоа што ми треба нова инспирација да продолжам понатаму.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Стариците се шуткаат преку ден по гробиштата, доаѓа есен, ќе им треба нов дом, а децата бавно растат - чорбичката им е на посна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ТРИЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС И КЕВА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Земи го, Спиридоне, за твоите колчишта е арно, а јас треба ново да купам. (Наместува крагна и машна.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сега, откако геј-мажите си ја живееја хомосексуалноста не како културна практика, туку како сексуален идентитет, ним им требаше нов родов стил; а мажествениот родов стил што го усвоија, проширувајќи си ги сексуалните можности, им овозможи да консолидираат дефиниција на геј-постоењето и урнек за геј-идентитет што се фокусира на сексот за сметка на културата – а тоа ги исклучуваше женствените идентификации што дотогаш ја твореа подлогата и дефинираа голем дел на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, се правело куќа и над сонцето. Сега останува да се одгатне каде живее молскавицата од детството и никако да не се заборави дека на Шерпасот му требаат нови алишта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Наспроти сите очекувања, директорот му беше определил на Акакиј Акакиевич не четириесет или четириесет и пет, туку цели шеесет рубли; дали тој насетил дека на Акакиј Акакиевич му треба нов шинел или пак само од себе се случило тоа, па на овој му се најдоа дваесет рубли повеќе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)