Добивме и дипломи со кои се гарантираше нашата лојалност, потпишани од генерал Требаше наскоро да бидеме подготвени за постови на одбрана на земјата надвор, која внатре започнуваше да се распаѓа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А од другата страна, откај шаторите, каде што беа сместени оние што потпишаа изјава за покајување и се пријавија во баталјонот што требаше наскоро да замине на фронт, запеаја: То прото тагма Макронису миси тора то Слависмо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Начинот на кој бил свикан конгресот, профилот на мнозинството од лицата што биле повикани (наместо да бидат демократски избрани) и што присуствувале на него, аргументите што биле употребени од Гарванов да се убедат “делегатите“ дека требало наскоро да се дигне востание и некој други елементи недвосмислено потврдуваат дека се одело свесно на востание не заради ослободување на Македонија туку од истите побуди од кои се раководел Врховниот комитет во постојаното инсистирање да предизвикуваат крвопролевање и палежи на македонските села.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)