Тој требаше повторно да се впрегне во исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое неговата друшка — робинката — треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници, баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот — бегот, а таа со својата рожба да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Темелот врз кој ќе се изгради човекот на иднината веќе е тука, во присутното несвесно и не треба да го создаваме од ништо, туку треба повторно да го стекнеме”, вели американскиот психијатар Норман О.Браун.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Треба повторно да им каже дека земјата што десет години ја знаеја како своја може да се распадне и дека војната е реалност за која треба да се подготват.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Камо среќа да не треба повторно да доаѓа, лесно ќе ги средиме документите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој е и приказна сосема подобна за крајот на Втората светска војна, кога поради демобилизацијата на милиони американски мажи жените требало повторно да се припитомат и да се прераспоредат назад во домот од работното место, каде што биле повикани да ги пополнат работните места што привремено ги ослободиле мажите кои сега иделе да си ги вратат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Какви и да се субверзивните задоволства во филмот, а сигурно ги има многу, нема човек што може да го обвини за политичка прогресивност.
Како што се забележувало многупати, Милдред Пирс не е само класична холивудска мелодрама, добар пример за „женски филм“ и ремек-дело на црната серија [филм ноар] од Ворнер брадерс (барем во кадрирањето).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И затоа, доколку таа треба повторно да интервенира на Балканот, што би значело бездруго и САД да интервенира повторно, веројатно уште еднаш, нема да излезе на добро за никого, ниту за Албанците, ниту за Македонците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Доколку Французите имаат различни преокупации од другите за да се остане вистински чувствителен на вашето балканско искуство, јас се надевам дека вашите сограѓани, кои се директно засегнати, треба да се покажат многу повеќе рецертивни кон вашите книги, но и за вашите написи објавувани на албански, македонски и англиски јазик во мултетничкиот Форум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ако сакате да ми пишувате, наједноставно би било тоа да го правите преку е-мајл.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А потоа, не знам дали треба повторно да објаснувам: поминувањето на мајката на касапот не престануваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Постојано сновеше горе-долу.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе ме зграпчат како стаорец...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе требаше повторно да зборам, да објаснам зашто и како!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)