трепери (гл.) - во (предл.)

Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата:  „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мелодијата помеко надира, трепери во воздухот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ти, Веле, ќе станеш мајстор, - продолжи да трепери во ноќта гласот на Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Зар не гледаш како треперат во твојата крв Нивните живи очи?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Му се обраќаа довикувајќи го - црвената треска што трепереше во водата, - разголените гради на нашите жени, - молњите скриени во молитвениците на монасите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Рипка мала во стаклена топка, познава љубов, рака што ја храни, весело трепери во далгите мали.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Слушаш? – удира тој со лажичката, час тивко, час погласно, само за миг прекинува и одгласот се разлева, трепери во воздухот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некоја набожност трепереше во воздухот. Ни глас ни викот се слушаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги затворам очите и главата нежно останува да трепери во просторот. 2.30 Сакам повторно да горам, го завршувам спидот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас сум повторно среде вртлогот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Благословие што трепери во мене и ги воспалува сите клетки, како напнат мускул.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Писмото му трепери во рацете. Го држи не знаејќи што да му прави. По извесно време го остава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Прсна во нивното грло и последната жица а плачниот звук на тоа прскање остана да трепери во слухот на Отец Симеон. „Дали сакаш да сме негде долго и сами?“ ја праша и се сети - оперетска романтика. „Ќе појдеш ли со мене, Јано?“ Зад неа лазеа морници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
III Лежам во тревата загледана во летниот облак каде ми се изјази погледот по сенката на липата што уште трепери во споменот на небото и сонот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Токму кога духот почна да му трепери во онаа блага отсутност, (состојбата која тука, осамен меѓу книгите, често ја доловуваше) некој срамежливо загреба на вратата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Покрај свежо, покриениот гроб, стуткана седи Костовица и ги пали свеќите чии пламенчиња треперат во нејзинатаг дланка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Види ти каква дрскост! Каква срамота!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тргнувам полека накај станицата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сводник ниеден! Гад малечок!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се закопчувам до крај...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги гледам светлата, црвените, долга редица, трепери во одблесоците на водата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му треперат во орбитите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Музиката струи, поправо трепери во секој чекорна нашето минување, религиозна колку и паганска, колективна колку и интимна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Заплака со лелек, плач и липтеж на мајка којa изгуби дете и свиреж - извик извишува до врв планина, изговара се што в душа се крие, се стишува, трепери во воздухот и стивнат легнува врз меката трева...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)