Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кажуј, кажуј бргу кога, или да викам Ибраима да затворит во визбата и наместит коските! — и почна да го тресе за гуната за која го исправи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој е тој што ќе кревал буна против царот; кабул не го права јас тој страм.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ропството постои само затоа што луѓето се тресат за својот жалостен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Ќе речеш аферим'? Ами, мислиш ли ти дека на Падишахот перјаникот му се тресе за тебе?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)