Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Наместо одговор, Анѓа ги тресна од земја ибрикот и кошницата и како стрела се изгуби од вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го извади појасот и го тресна од земја. Ја згази токата со стапалото.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Продолжувајќи да длаби по тие зборови, тој можеше да црвенее, мислејќи на оној ден, кога отстапи, оној ден, кога откажа да биде бригадир, кога ги тресна од земја документите за во Партијата, кога не откаса никаде ни збор за тоа, и кога довербата му остана откината, исто како што може експлозијата од некоја бомба да им ја однесе во војната на луѓето едната нога, или едната рака, и да ги остави сами без неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шушкајќи нешто низ брадата, пцоста или молитва, го зврте неколкупати околу себе како да бара место кај да го фрли но сепак не го тресна од земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мајка ѝ тресна од масата. „Назад да се вратиш“ ѝ нареди госпоѓа Морис.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме тресна од земја со тие зборови. Дали да плачам или да се смеам. Бев шокирана.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)