Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Затоа сите со душа го чекаа да тропне со барабанот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чувте ли? – и тропна со ногата топорејќи им се како на мачиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Логотетот сосема се смурти, тропна со ногата пред престолот и рече: „Веднаш да се свика советот! И пред мене да се изведе дрзникот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Жмурков тропна со прстот по лакот: - Синот го женевме. Нови се!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Даските ги земаа три куќи подолу, кај Жмуркови - дебели, прекриени со лак.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)