Сите ги бараат своите најблиски: во тие стари чешки и италијански камиони што не сакаат да подзастанат сите трчаат крај камионите, се туркаат, се удираат, а оние кои паѓаат, остануваат да лежат поснопица, изгазени од навалицата... така ката ден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
11 НАВАЛИЦАТА што трчаше зад камионите го турна и така остана до првото птичјо пеење.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Седевме скупчени куп на своите рагозини, и со мислите трчавме зад камионите што не застанаа, ами одеа преугоре по тие големи кривини што се вртат до онаму високо - високо до под облаците...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го слуша гласот на дечињата некогаш што трчаа зад него, Ги гледа млекарите со полни ведра квечерина кога минуваат покрај старците, Се сеќава на кондураџијата везден што распрашува колку патува писмо до Америка,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Така катаден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така катаден трчаат зад колоната камиони што змиесто се оддалечува по нагорнината…
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)