удира (гл.) - срце (имн.)

Мене ми удира срцето, целата се нишам, ќе паднам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По раката ме удира срцето. Ми ја турка раката, ми ја клоца. Ете, што било.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни се удираат срцата, сакаат да си ги сменат местата и ќе ни ги скинат предниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: (Ја става главата во скутот на Мира.) Ми удира срцето како да сум на заболекар. (Пауза) Јас ви завидувам. Млади сте.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)