Јас останав утешен и задоволен. Првпат тогаш узнав дека и поезијата, штом веќе човек нема посилно оружје, може да послужи за пробивање во животот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И узна дека главата, кога го носи сите спомени, е претешка за нозете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми говореше дека кога го исцлелил болниот од Кападокија, и кога овој му ја дал штичката како подарок, првпат узнал дека постои и писмо на дрво.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И пред да узнае со секојдневна логика што значи сето тоа, узна дека е на друго место.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нели тој ми ги испеа оние песни за девојката која низ радоста поминала успана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За жал узнав дека и татко ми бил мртов. Го убиле!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Води сметка само за едно, дека работата е итна - реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рече дека сигурно си знаела и ти! Зошто го премолча ова?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А веќе утре ќе узнаат дека летањето е и нешто повеќе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кутриот, дури ни не узна дека синот му е на пат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или тој Боге од Бањи измислува? Зар сѐ ова што го вели е лага?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Да приумрев немаше да узнаам дека и на мртвите им се зема мерка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Боге од Бањи се обиде да ми објасни како се случило тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Немаш ли и ти такво чувство сега додека ја освојуваме слободата?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Меѓутоа, ти си зафатен со друго: откако те запознаа со Горда и откако узна дека таа е суфлерка, ти не знаеш дали повеќе си обземен од нејзината убавина или од тоа што кај неа единствено можеш да го најдеш делото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Што се однесува до Јана и Катерина, нив ги сметав за обични марионети во рацете на големиот мајстор на манипулациите, на човекот кој според моите сознанија влезе во животот предводен од својата машкост!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури подоцна узнав дека човекот од сонот е бесмртен за разлика од оној од животот!) Значи Мирко Бунде требаше да биде прв егзекутиран.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И узна дека главата, кога ги носи сите спомени, е претешка за нозете.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Тој треба да дознае“, токму така рече и покажа кон тебе, „тој треба да узнае дека земјата не ни служи само за да ја газиме“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)