Секогаш и секаде каде што му се укажуваше можност, тој зборуваше српски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Брат ми нема страв, или можеби само се преправа од што сака да се прави храбар, и скока и нурка секогаш кога му се укажува можност за тоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се наоѓа веќе во Истанбул првата желба е да го видиш Босфор, зашто од овој природен канал патуваш кон приодите на Црно Море и веќе ја гледаш и Азија и можеш, доколку ти се укажува можност, да стапиш еден чекор на нејзиното тло.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Само во ретки прилики на обичните луѓе им се укажуваше можност да ги видат однатре живеалиштата на членовите на Внатрешната партија, или воопшто да влезат во делот од градот каде што живееја тие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)