Стоеше, сѐ уште свртена кон него, обидувајќи се за сето време на тоа земање мегдан на двајцата да украде некој миг и да се полиже по левиот заден колк, а притоа не испуштајќи го ниеднаш од погледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
АЦО: Е како кога ништо не е? Сега треба од свој џеб да платам нов ремонт и да им стојам на мајсторите врз глава за да не украдат некој шраф.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Социјалистичката младина пак се фалеше како успеала да украде некоја мастика од продавница.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Можеш да го видиш ако украдеш некоја минута кога тој не те гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)