„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А, овде, кога некој ќе погледне, со намера да одбере една од вас трите, за да му ја заличи куќата, не морам да му раскажувам дека вие умеете и во бавча да работите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А и нови потреби ќе се јават. Еднаш, кога се уште му пееше петлето на Боге од Бањи, лично му реков: зар мора мртовечките сандаци да се прават само од штици.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)