Илко ќе подречеше: - Мудрецот од Калкута велеше дека животот ни зависи од должината на душата: постојат куси души, средни души и долги души; оние што умираат средовечни - имаат средна душа; оние што умираат стари - имаат долга душа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кучињата се вратија дури кога стадото го помина исушениот поток на кој како непроѕирна сенка умираше стара безгласна воденица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)