умре (гл.) - дете (имн.)

Во моето село секои три дена чукаше камбана затоа што умрело дете.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се плашиш ќе умрат децата за леб? Или ти е жал за главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)