Истата година умре татко му. Аргир се стресе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Или, дека од смртен случај во куќата (умрел татко ѝ на младост од 99 години) око не може да склопи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше умрен таткото на едно нивно другарче од одделението, а оној што рече да дојдат можеби беше и нивниот учител, заминаа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На враќање, видел едно орле дур' в' облаци и 'и пушчил двата сокола, шчо 'и имал со себе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
ТРИТЕ ЃАВОЛИ И ЦАР СОЛОМОН Му умрел татко му на тројца браќа и беше му остаил четири стварој: една шапка, едно железно стапче, едно рало железни опинци и една шупелка.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Девер је, зачуден, ја задржал да не паднет и ја молел да му кажет зашчо плачит?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Персијскиот цар му прати на цар Александар, му вика: „Царје, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам како да станиш цар“.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја, како нејќум да напраам такоф греф, ти кажуам, го остаам на тебе и на Господа!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еден ден дојдоа гуша за гуша да се фатат и да се истепаат помеѓу себе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А коа умрел татко им, поголемијот се сторил домаќин, а помалијот работел сѐ по надвор, многу го слушал брата си и ретко дома се враќал.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Така је нарачал жене си и после си јавнал коњот, го дупнал и заминал заедно со загарите и соколите (јастребите).
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- „Ете, толку години от коа умрел татко, јас сум ден и ноќ, сѐ по надвор, под ведро небо; дома си идам по еднаш на годината; со никого не се познаам, ни пријател имам, ни душман имам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Шо прави персијскиот цар? Му праќа тиниќиња од конзерви, клопотарки и му вика: „Со овие можиш да си играш по улицата“.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Секоја вечер тој ќе легне да спие, се моле да умре татко му, за да презеде тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се чинеше дека ѝ умрел татко, нешто најмило, како покосена, истиот час падна на душеме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Братучед ми Методија, откако умре татко му, испофрла од дома сè што на една селска домаќинска куќа каква што беше неговата има, и ја наполни куќата со книги и семсекаков градеки џутур-мутур што во Скопје не му требал.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А за тоа тој не е виновен: откако умре татко му, мајка му остана сама без ништо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сета причина за молчењето била во стравот: одкако умрел татко му, мајка му го оставила да живее кај деда му и се премажила.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Богуле го слушаше отсутно и одвај чекаше да запре со зборувањето управникот, зашто знаеше дека тука не се работи за тоа дека умрел татко му, туку телеграмата е само можност, изговор да го ослободат од училиштето и интернатот, да го пуштат наколку дена дома, како тогаш што го пуштија кога му јавија дека дедо му е на умирање.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)