___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Велат дека вистинските умираат еднаш, а кукавиците 100 пати. Јас сакам да умрам еднаш.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)