Климент Камилски внесен слушаше. Првин ја стави Книгата за воспитувањето во својата излитена професорска чанта во првата преграда која ја затвори со металното синџирче, а потоа слушајќи го внимателно Татко, погледот го упати врз неколкуте отворени книги и списи за лавиринтите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)