Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа нужно подразбира доброволно, општествено вклучувачко учество во недостоинствените задоволства на мелодраматичната изведба – задоволства што произлегуваат и од силните емоционални полнежи и од нејзината самопоништувачка театралност, од нејзината сериозност, како и од нејзиниот неуспех.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога на жанрот се упатува погрдно и кога тој треба да послужи како дисквалификација, како назив за долна естетска категорија, мелодрамата веќе не важи за камп.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309
Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)