Судијката (М.Панговска), по добиената писмена изјава за признание – поднесена во јули 2003 – од страна на директорот на туженото претпријатие, донесе пресуда врз основа на признание со којашто во целост го уважи нејзиното тужбено барање и го задолжи тужениот да и исплати:3 а) на име неисплатени плати – сума од 116.917 МКД (1.900 ЕУР); и б) на име неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско оси- гурување да уплати во ФПИОМ – сума од 74.523 МКД (1.220 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некои од вработените во претпријатието што покренале судски спор се вклучиле во колективна тужба, но В.И. – во јуни 2003 – решава да покрене индивидуална тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како нејзин договорен застапник се јавува правник од ССМ (Д.Михајловска) – која е овластена како нејзин полномошник во парницата, за што таа и е крајно благодарна.2 Самиот судски спор не траеше воопшто долго и, дури и невообичаено за нашата судска практика, сѐ се заврши само на едно рочиште за главна расправа кое се одржа кон крајот на октомври 244 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)