За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стана колекционер на грамофонски плочи и љубител на џез.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А таа без да погледнува кон мене продолжи со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа знаеше да го прави тоа, сочувствувајќи со мојата несреќа (јас никогаш за ситуацијата во која бев не го употребив зборот несреќа, тоа еднаш го рече Деница и таа беше во право).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сѐ уште нѐ поправа ако употребиме збор што македонскиот литературен јазик не го препознава (мајка ми многу се лутеше кога тоа ѝ го правеше на неа).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)