На крајот, откако ја вкуси подносливата каша за утредента, Мајка отиде на спиење, со мислата дека сепак не е дојдено вистинското време за да го употреби златникот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мајка, останувајќи верна на неговата желба, вистински ќе го употреби златникот, десет години подоцна, во градот крај реката, кога Татко, со него, ќе ја купи првата козичка, во времето на големиот глад и на немаштијата кои им се закануваа на нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)