успее (гл.) - некако (прил.)

Ако имаше само уште две-три капки мастило во мастилницата кои Татко успеа некако да ги врзе за перото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И успеав некако, распрашувајќи се по луѓе, да го најдам институтот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Успеавме некако да испливаме. Се срамев од погледите на луѓето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со големо чувство на непријатност, успеа некако да се извлече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И тогаш чиниш беше прероден од тоа што беше успеал некако да поверува и сакаше и сите други да му поверуваат нему. И навистина луѓето веруваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прават списоци со машки геј-јунаци и луѓе за пример.437 И отвораат четири очи за да најдат траги од сопствената историја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долго постои скришно сознание што кружи меѓу геј-мажите за скришниот живот и дело на претходните геј-личности – чија хомосексуалност, иако добро позната, обично се турка на неизговорените маргини во службените истории, каде што останува скриена од невоведените. („Си знаел дека Кол Портер / Морис Сендак / Ричард Чембрлен....?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-мажите честопати разменувале информации за тоа каде во јавната стрејт-култура може да се најдат бисерчиња геј-духовитост, скришни двојни значења со геј-смисла или итри ишарети што машките геј-уметници успеале некако да ги протнат во главнотековните филмови и во главнотековната музика, каде што си седат заштитено скриени и обично минуваат незабележани, освен од оние што знаат каде да ги бараат.438 Ништо од она што го кажувам тука не е со цел да ја оспори вредноста на сето тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, како што признав на почетокот, не бев човекот што треба да го предава предметот за тоа „како да се биде геј“, исто како што не сум човекот што треба да пишува книга на таа тема, тоа е затоа што отсекогаш сум бил благодарен за, а и длабоко внесен во, експлицитната, некодирана, идентитетски заснована машка геј-култура, особено за книжевната фикција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не личи. Шадханот е за да носи радосни, не траурни вести.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Соседите од нивната улица ги затворија во логорот на Бањица, а Јехуда, во потрага по својата Алегра успеа некако да издејствува да го затворат тука, со нас, на Сајмиште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не се задоволни од својата работа и дадат отказ, оневозможено им е да ги остваруваат правата како невработени лица, а ако успеат некако да стекнат право на паричен надоместок во случај на невработеност, ќе се соочат со драстично намален период за кој се исплатува овој надомест!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Затоа и не му дозволив да ми ја бакне раката, успеав некако да си ја приберам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)