Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Друго“, рече, „ние таму многупати зборуваме како да се направи и што да се направи, Маказар да се прогласи за туристичко место, за здраво место, та тука лете да идат првин децата на нашите и, во една школа, да го учат нашиот убав јазик“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)