Престана да џогира, да слуша француска музика, да пее шансони под тушот и да се обидува да учи француски.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За разлика од мене која што посетував часови по француски јазик во Алиансата Ангела го учеше францускиот јазик во Католичкиот Институт.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мислев дека ќе може да го посетува училиштето бидејќи започнала да учи француски јазик во Јанина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Многу години подоцна, во основното училиште, кога прв пат го учев францускиот јазик, Мајка ни го откри знаењето на овој јазик, кога требаше да направиме некој мал состав на француски јазик или да одговориме на прашањата од француската граматика.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Се чита Дебиси, - рече таа стегнувајќи си ги дебелите усни, - ама не го знам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)