фали (гл.) - дека (сврз.)

Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за илустрација, ќерката на еден поранешен синдикален лидер се фалеше дека од парите кои нејзиниот татко и ги давал како „џепарлак“, а таа педантно си ги собирала – подоцна си купила стан во Скопје!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради финансиските проблеми оваа фабрика, во која сѐ уште имаше државен пакет акции, влезе во познатиот FESAL II аранжман склучен помеѓу Владата на РМ (чиј претставник беше тогашниот Министер за финансии, а сегашен Премиер –  м-р Н.Груевски) и ММФ, како една од т.н. „12 големи загубари“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ми се фалеа дека добро заработуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од толку брмчење не се разбра баш најјасно дека секој Давид нема прачка, а и никому не му текна да се праша дали оној Голијат се струполил од каменот од прачката или можеби од погледот на Давид што изгледа поверојатно и пологично.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некои се фалат дека го читале Томас С.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зборуваат пред Давид на плоштадот Сињориа, шепотат пред Давид во Академијата, зборуваат и надвиснати над гордата замисленост на Арно, зборуваат ама баш секаде.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На суверните жени им продаваше лилјаци и се фалеше дека аптекарите му ги купуваат змиите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја слушав мајка ми како се фали дека ужива во игрите што си ги измислувам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа не се фалам дека сé објаснив и прикажав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Елементите на природата на градоначалникот се толку бројни, што секако, не е можно еден човек да ги опфати.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зоки посебно сакаше да се фали дека гардиските капетани ( во градот, како втор по големина во државата формациски беа четворица) ги познава од времето кога беа никој и ништо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Другата работа беше во куќата на една деведесетгодишна старица во инвалидска количка, која се фалеше дека секој од своите последни триесет родендени го славела со нов магионичар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На последниот настап веќе не можеше да ја потисне вознемирувачката мисла дека нешто ѝ се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Будалиштето уште пред тоа се остреше, се фалеше дека ќе му пушти масло на Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Парсонс се фалеше дека само на станбената зграда „ Победа“ ќе бидат закачени четиристотини метри знамиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Завидувајќи им на слободата на мариовските селани. – Да ми ти се исуши устата, машко – го начека дедото Богдан овега и почна да им се фали дека тие имаат старски фермани за таа слобода и никој не може да ги направи нив чифчии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Така го слушаше тој еднаш дедот Никола Дарков кога прикажуваше за мечки и кога се фалеше дека отепал пет, фатил три мечиња и една стара и им ја продал на Ѓупците да ја шетаат по селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Високиот се фали дека, ако најде пиштол кај тебе, ќе те прати пред воен суд или во лудница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И командантот, фалбаџијата, загина. Го распарчи граната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тврдел дека неговата убавица чека само знак од него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А татко ти слушнал кога некој поднапиен Козак, чиновник, се фалел дека има голема љубов во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Туку јас да смислам нешто. (Кратко молчење.) А! Ми текна!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Толку се фали дека се на време стасува, па сега нека задоцни! (Седнува на миндерот и инаетливо запалува цигара.) Сите да му се смеат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ретки се и оние што се фалат дека биле на работна акција, дека дале доброволен прилог, дека се дарители на крв.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)