фати (гл.) - на (предл.)

И убаво свиреше Крсте, та штом го рече „тешкото“, и самиот Пере се фати на танецот и почна да се крши и врти како што се кршеше на сретсело кога правеше ќерамиди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А беше и прилично лесно, под услов да не бидеш фатен на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме фатија на брзина, ме бутнаа. Немам ништо со ова.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Момчето ти го фатиле на Кара-камен планина, Дафино вино, еј, црвено вино, еј!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: Нејсе, де... Топол ден, сонцето пече, а Славче, продава кикиритки среде во градот...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Сѐ живо на нозе“, ревеше младоженецот. „Малку сте. На оние што ќе се фатат на оро има давам по пет долари.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само еднаш го фатив на дело.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слаба утеха за мене, и голема моја мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Воздухот постојано нешто мрмори: може да нѐ фатат на легло, што се вели, натерани под земја, заробени од стравот, од себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ме фатеа на албанска граница, вели, не ќе беше ништо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ фатија на обрис, што се вели, на некој бришан простор и сега, како? Никако...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
17. СИРОМАВОТ СЕ ФАТИ НА ТАНЕЦ, ТАПАНОТ СЕ СКИНА - се селна, бедниот, се пушти и во себе побара вина.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога си дошле од брак машчеа је и татко је, Мара је нашле пак крај огнишче во пепелта, та ја кажвеле и је велеле: - Мори, Маро, ќерко!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таја си се променила со ними и со златите чехли, шчо ги нашла во пепелта, та со трчање отишла на брак и тамо се фатила на танец да играт хоро.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, Кејтеновиот син беше фатен на дело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја удрил човекот, ѝ направил крвава рана - па се разделиле, секој фатил на своја страна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Знајте дека имате само еден час. Немојте да ве фати на отворено!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мене ми беше смешно тоа и еднаш капетан Мирковиќ ме фати на смеење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)