На моите усни се фаќаше полека кора мраз. Во мене како да се наталожи олово.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ТЕОДОС: (Загледува каде што беше дамката. Согледува влакненце, го фаќа полека со два прста, го крева високо да го видат Наца и Кева, стрелајќи ги со поглед, па го одувнува влакното како да плука на нив.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)