формира (гл.) - во (предл.)

За реализирањето на набележаните активности бил задолжен т.н. „истакнат“ дел од четничката врховна команда - Горски штаб 110, формиран во март 1942 година, под команда на мајорот Радослав Ѓуриќ, што ја опфаќал територијата на југоисточна Србија, Косово и Метохија и Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ДОРТМУНДСКИОТ експрес се формира во Црвен Крст кај Ниш, од две експресни композиции, од таа од Атина и од таа од Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Татко посебен впечаток му направи тврдењето на Камилски во тезата дека детето е реплика за инстинктите и сетилата формирани во долги периоди од развојот на човештвото, при што ја развиваше тезата за еволуцијата на индивидуализмот во развиените општества.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, макар формирани во различни струки и со различни мајчини јазици, првиот правник, вториот професор по педагогија, сепак остануваа информирани автодидакти во нивната мисија да се справат со туѓите зборови во нивните мајчини јазици, и посебно со зборовите со опасна конотација од османскотурскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јадрото кое ќе се формира за спасот на земјата се формира во март-април 1919 година, на чело со лидерот Мустафа Кемал-паша, опкружен со Рауф Орбај, генералите кои раководеа со корпусите на армијата во Анадолија Али Фуат, Рефет Беле и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Терапевтските интерпретации што се употребуваат во психодинамски- ориентираната психотерапија, ретко или воопшто не се корисни, бидејќи по дефиниција тие се формираат во конверзациската област на професионалните кругови на кои им припаѓа терапевтот, но не и пациентот и другите учесници во терапијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Црвена јабука е формиран во 1985 година во Сарајево.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
199 Единиците на НОВ и ПОМ, по капитулацијата на Италија, ги ослободиле Кичево и Дебар, со што била запоседната патната комуникација што водела кон Албанија и кон Северна Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
167 Македонскиот американски народен сојуз е формиран во 1938 година, а произлезе од Македонскиот народен сојуз, кој беше формиран во 1931.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мириса морето и Солун за првпат му се чини дека има пријатна арома, не онаа мешаница од мириси од чаршијата и пристанишна смрдеа што постојано му ги дразнеше нежните ноздри.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нации и империи се формираат во името на потчинетиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Народот (мислителот или историчарот кој го употребува без иронија се дисквалификува), добро си ја игра улогата која му е наменета: да се потчини на настаните и на фантазмите на владите, готов секогаш за нови потчинувања и страдања, прв на браникот на жртвувањата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За време на граѓанската Понтјите беа пребегнати во Лерин, а во нивните куќи беа се сместиле членовите на таканаречената привремена демократска влада на Грција, која беше формирана во декември 1947 во преспанското село Асамати што се наоѓа во Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тешко може, исто така да се претпостави дека една литерарна свест може успешно да се формира во својот корен врз искуствата на некоја друга литерарна свест.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
•  со вториот член се предвидува дека Комисијата се формира во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, а барање за утврдување на репрезентативност, синдикатите и здруженијата на работодавачи, доставуваат во рок од 30 дена од денот на нејзиното формирање (чл. 46, ЗИДЗРО/окт.09);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Колку повеќе човекот е мудар, нештата сами се формираат во него, составувајќи го магичниот мозаик на среќата – заклучи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За остварување на правата врз основа на губење на работната способност, преоста- натата работна способност, телесно оштетување, потреба од помош 143 и нега и неспособност за работа врз основа на која се остварува семејна пензија, фактичката состојба се утврдува врз основа на наод, оцена и мислење на Комисијата за оцена на работната способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата се формира во рамките на Фондот (чл. 139, ст. 1-2 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)