формира (гл.) - независен (прид.)

По некое време, а комплетно разочарани од новонастаната- та непосакувана состојба, како и револтирани од т.н. синдикат, кој очигледно седеше во скутот на новите газди – неколкумина похрабри и поборбени работници и работнички, меѓу кои беше и Б.А., формираа независен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа бил смислен потег на бугарската влада од страв Македонците да не се свртат против Бугарите и ја ослободат Македонија и формираат независна македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќето поранешни работници искрено се понадеваа дека конечно на нивната немаштија ѝ дојде крајот кога фабриката, сега преименувана како „Вел Порц“, повторно почна со работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Делумно тоа се должело на вистинската конфузија во однос на тоа какво ќе биде решението на македонското прашање и во поглед на готовноста за утврдување на вистинскиот ентитет на населението во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во реалноста, на Париската мировна конференција, делегацијата на САД покажала многу мал интерес за преземање посериозни обиди да добие мандат над Македонија, да формира независна држава или дури да обезбеди признавање на нејзиниот национален статус.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонците активно учествувале во битките кај Мостанли, Деде Агаџ и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)