ЕЛАС ги зајакнал своите позиции и успеал низ целата територија на Грција и делот на Македонија под Грција да формира партизански одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Како резултат на тоа во повеќе македонски села се формирале партизански одреди кои вршеле притисок на раководството на КПГ да ги вклучи во единиците на ЕЛАС.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во повеќе македонски села се формирале партизански одреди кои настојувале да се вклучат во единиците на ЕЛАС.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во текот на 1943 година како резултат на активностите на ЕЛАС на територијата на Грција и во делот на Македонија под Грција започнале да се формираат партизански одреди.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)