Постигнатите резултати, во овој период, пред сè, биле резултат на работата на ПК на КП за Македонија и Покраинскиот Воен штаб, кој во јуни 1942 прераснал во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За првиот приватен театар во Бугарија „Ла Страда“, формиран уште пред петнаесетина години, се сетив деновиве кога во дневниот печат прочитав дека има иницијатива за формирање на два приватни театри во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)