Кога го доискапи шишето и ѕирна низ него од грлушката до газерот, Геро свечено изјави и го фрли низ прозорецот, како попски да фрла крст на Водици: „Каде што ќе падне шишево, таму ќе го дигнеме шаторот!”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таму, пак, на тој ден, не го фрлале крстот в река, туку инаку ја крштевале водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На прв ден Водици, уште во раното, го кршат мразот во Алилски Вир и во направената дупка го фрлаат крстот, кој е дрвен, лесен и кој плива во водата, за оттаму да го извади некој од младите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)