Портокаловиот, пластичен часовник, со жолт круг околу полуизбришаните цифри, на кој е нацртано човече што спортува – плива, вози велосипед, фрла ѓуле, скока во височина – имаше, во сета своја неконвенционалност, улоги на проверувач кој е во право, „Американецот“ или „Русинот“. 2:1 е тесен резултат, а сепак значи одлука.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не можеш да пукаш, се усвитила цевката, се топи железото и не го фрла ѓулето. Заглавува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Повторно, како секогаш во слични случаи во последно време, им бев лут.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)