фрла (гл.) - в (предл.)

Мајка му дотурува од ѓумот... а тој срка густо запечен и лут грав, фрла в уста здиплени фелки леб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Си иди мама, си иди лебот, викаат и ми се фрлаа в нозе, ко кучиња ми се фрлаат, ме драскаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клечејќи, со обете раце собира - откинува јаготки, ја полни шепата и ги фрла в уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Од тие што ги најдовме, велат децата, од тие што ги фрлавме в оган за да пукаат, велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Венценосецот? Зарем овде го фрлаа в очај!?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа ти ја расонува насмевката. Те бодри. Ги фрла в преграб на денот сите твои помрачени делови. Или убива! Напати вистината убива!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)