Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Последната секвенца ја насочи кон црниот Олимп кој злокобно ја фрлаше својата ноќна сенка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сите куќи се свртени кон езерото кое штедро им ја фрла својата светлина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)