Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Уште јавувале дека старецот сѐ уште бил во вагонот залостен од внатрешната страна, дека луѓето го хранеле преку решетката на прозорецот, а одоздола, под дупката на средината на вагонот, ставале тенекиња со вода во кои го собирале поганот од старецот и го фрлале далеку во полето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)