фрли (гл.) - некој (зам.)

- Е, кога сме кај рацете, во овој миг посакувам тие да фрлат некоја гранка во огнот кој полека се гаси. - се насмевна Ивона на која капата ѝ го покриваше челото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, додека дедо ми сврти кон пангарот од Петрета, сега питроп да купи свеќи и да фрли некоја пара на пангарот ние чекавме на вратата тој да се врати и секому да ни подели по неколку свеќи: по една да запалиме тука на влезот пред иконата на Свети Никола, уште по две за на свеќниците пред олтарот и по некоја да ни гори во рацете додека трае службата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вангел Русјаков стои пред неа, зад него е Петре Караколев, и двајцата сакаат да фрлат некое камче во воденицата на Чана за да запре , ама не можат да погодат кога ѝ е затворена муцката, а кога ги кажуваат зборовите кога и таа лафе, нивните не се слушаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цел месец не се смилува да фрли некое покровче пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Понекогаш по улиците и нема место каде да се фрли некој отпадок.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дрварите, кога доаѓаа од дрва, секогаш имаа по некое полено в седло за кога ќе поминат кадешто ги собиравме дрвата, да можат да фрлат некое.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)