фрли (гл.) - око (имн.)

Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Легна под Малчевиот орев на плеќи, ги фрли очите во широките лисја на оревот и побара едно прозорче преку кое погледот му изби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднаш ги фрли очите во колибата и како да му се запартали нешто, некој влезе внатре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И веднаш ги фрли очите во Тода, небаре сакаше потврда на тој збор, а во себеси си помисли: „Дали не ќе ми се смеат чупињата ако го зема него дека беше армасан?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мише се оптегна по меката папра, размешана со гороцвет, од чии цветови идеше опоен мирис, и ги фрли очите во гранките на борот, барајќи прозорче да достигне со погледот до синото небо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги нарамија пушките и навртоа пак на бичкијата од Налевци на Уруп, да фатат врска со Градевци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите во портата и каленцето, имаше што да види: — навртени цевки од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А и го сфати тоа како љубомора од Пипиле, кој порано ѝ фрлил око, но таа не му вртела глава, та едвај чекал да дојде Богдан за да му ја предаде пудлицата нему за која тој порано се грижел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакаат да го растурат. Му фрлиле око на богатството.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се качив на него, станав жив плод, заштитен со прстести лисја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Потоа ќе фрли око на Сирија и Мароко.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Оваа ти го фрлила окото, ми вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ти кажам, на друг да не кажам - ама вистина, неки домаќини му фрлиле око за домазет. Со личнотија и леунка да излаже.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ПРИКАЗНА Ѓ Иако штотуку оженет, Ѓ имаше една забранета комшика Елена. Ѝ фрли око уште првиот пат кога ја музичка желба: да ѝ го свирне на новодоселената виде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)