ПРОИГУМЕН - Еден продуцент му рекол на еден проигумен: „Да не сакаш да глумиш човек-игуана во еден проект?“ „Ти си некој проклетник, провокатор, простак?! Што проломоти, брат, само протојереј може да ти прости!“, рекол проигуменот. „Не ми држи проповед, попе! Можам да те промовирам! Пропаганда и за тебе и за протојерејот!“, рекол продуцентот. „Противприродно е тоа! Ако ја проиграм (т.е. проневерам) довербата на протојерејот - тоа е пропаст!“ рекол проигуменот. „Јас не ти фурам пропедевтика; ако сакаш да бидеш протагонист, пеки; ако не, простум нека ти биде, проследувам понатаму!“, рекол продуцентот. „А да ми пронајдеш некоја друга улога? Не можам игуана!“, рекол проигуменот. „Може Боргес во Името на Ружата 2?“, прашал продуцентот. „Пророк да бидам? Имаш прокламација за таа улога и од протојерејот и од протоѓаконот и од целата црква!“, рекол проигуменот. „Прокоцкана шанса...“, прошепотил продуцентот. 46 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)