црпи (гл.) - од (предл.)

Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој човек расте, учи да сака со помош на друг човек.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголемата креативност и најголемиот потенцијал го доживуваме кога го црпиме од другиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дотогашното сфаќање на научната фантастика се засноваше врз делата на великаните на тој вид литература, како Исак Асимов (Isaac Asimov), Артур Кларк (Arthur Clarke) и Жил Верн (Jules Verne), кои својата инспирација ја црпеле од егзактната наука.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Снагата ја црпиме од ставот на сексуален позитивизам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Против сме сексуалната цензура којашто е нехумана и работи против уметноста. 32 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обете својот морален момент го црпат од човечката вера во централната позиција на човештвото во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Постои на Балканот и една голема култура, една друга култура на луѓе кои успешно црпеле од западноевропската култура исто колку и од исламската култура, пренесена од Османлиите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По спомнатава вечера се случи необичен настан што заслужува посебно да биде одбележан. (Податоците за овој настан ги црпиме од „Комитските ливчиња“ на Ѓошо Савев, виенскиот студент, кој како комита лично беше задолжен за животот и сигурноста на познатата мисионерка).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)