чека (гл.) - ги (зам.)

И, чекајќи ги Јовановите и Бинови Бугари да дојдат и да ги ослободат „бугарските села" од Цицошци и Кондиловци, еве ти ги еден ден откај Зелка некакви селани со опинци, со кавали, со торбички нарамо и само по пушките се познаваат оти се војска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Колку се сеќавам, нешто како „Герили миш, олд миш, некере некаре“ или нешто слично, и се сврте кон кафезот со петлите, чекајќи ги и другите купувачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чекајќи ги децата, испотена како од сауна излезена, одам да се истуширам во вецето што е на крајот од дворот и ја слушам како ми се фали од далеку: „Реновирано е, сѐ е ново во бањата!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чекајќи ги, значи, тие моменти во својата служба, Константин З. ќе исчекореше напред, за потоа неговото административно напредување да бележи извесна стагнација, сѐ до новата политичка прилика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако е за колење, ноќеска ќе нѐ изведат и ќе нѐ исколат: ако е пак за пари, чекајте ги утре рано.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А потоа, кога веќе стоеше пред стаклото се сврти кон мене чекајќи ги натамошните упатства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)