Може да прејдете само кога ќе чекаме гости".
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога дошле, ми кажувше подоцна стрина ми целата возбудена: Почнаа по собите да те бараат, а стрина ми божем не ги разбрала за што се дојдени, им рекла: Повелете нам ни е денес слава, чекаме гости.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Додека ги чекав гостите глетката, ова прекрасно зрение: фонтанчето ме асоцираше токму на македонските состојби кај нас, едно добро вртење во круг.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секретарот Трим Тоска, кој ги чекаше гостите со Јагулчета Дримски, пред вратите на партиската зграда, ги поведе гостите кон големата сала за седници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Мило ми е што си дојдена, Рајне, ама јас не чекам гости во дуќанот“, ѝ рекла тогаш Трајчеица, и тоа само за да си ја поништи горчината, така барем велеше дека ѝ рекла, но Рајна студена како мразулец, само се насмевнала, „и тоа со половина око, да извиниш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)