Имав мал проблем затоа што малото беше заспано, па онака, по пижами, во ќебенце го префрлав на задното седиште на прастариот модел од „Мицубиши колт“, силвер боја, а јас, по влечки и во пижама, модел над кој мораш да се замислиш, во смисла, „јали ќе легнува, јали ќе џогира“, пичев за да не ме чека детето пред фонтана во парк.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За кого живеам јас, овдека, без никој никаде, велам, а таму ме чекаат децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Старецот стоеше малку, чекајќи детето да се оддалечи, па ја крена пушката и испука еден фишек.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Немој да гинеш, ми вели, ќе те чека детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)