Си зеле фурките. ракавите, калците, чорапите, си седат, си предат, си везат или плетат, чекаат ред и разговараат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко се врати од село каде што беше отишол да го однесе паличникот да чека ред кај мајсторот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Децата што чекаат ред играат прескакулица, некои од нив се борат и се прпелаат веќе со новите алишта по земи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Имаше редица од пациенти исто ко у времето на социјализмот кога се чекаше ред за млеко пред самопослугите на Славија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Постојат реални изгледи ова лето во Варна да не се чека ред за ручек и вечера.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Спокојно може да се прошета, не се чека ред по рестораните, не се чека во ред да се купи белет за кино или театар, некој сувенир или било што во продавниците...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Петпати полневме шишиња на бензиска пумпа чекајќи ред како на селска чешма.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ја подготвуваме новата програма, а јас седам вака, настрана: си го чекам редот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ех, право велиш, да ги гледаме момичките и момите како растреперени си го чекаат редот.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Никој не знаеше да чека ред. Многумина сереа крв.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Десно – отворено море. Четири бродови, еден зад друг чекаат ред за влез во пристаништето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од тука, од високо, на дланка е некогашното мочуриште на кое изграден е современиот најубав дел на Драч и натаму пристаништето, бродовите што чекаат ред на отворено море и уште понатаму, во лесната летна замаглина, пак високи згради што од морето ги дели долг, многу долг песочен појас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во продавницата имаше многу луѓе и Соња требаше да чека ред, па затоа малку се забави.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Јасмина беше иста возраст со Бистра и со Мони.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Па, почекај малку. Гледаш и дека сестра ѝ на Бистра чека ред.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)