Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Втора фотографија.
Чекав долго, да се расклопи како женка
да ја сликам во сиот нејзин сонлив сјај
пропорција и хармонија.
Ја прекрив со себеси
но таа кревка, тврд карактер
ѝ се покори на сенката
без поговор.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ја чекаше да излезе, ја чекаше долго.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Посетата траеше доста долго и газда Таки почна да се нервира, бидејќи не беше научен да чека долго, особено не на лошо време.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)