Само тој знае што значеше таа куќа за мене. Како да чепка во рана. Не се заборава!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еве, на Турците им плаќаме арач на секои три години, но да чепкаат во нашата внатрешна слобода и независност - тоа никако!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Петро мори, кој ти чепкаше во сонот са нојќ?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Си замислувам како сега луѓето чепкаат во снегот, како ги бараат писменцата што се дел од нивните најблиски...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пандо и Нумо одат покрај џадето, чепкаат во сувите треви.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Братучед ми Никола намрштено и незаинтересирано гледаше, а Кристина чепкаше во ресите на мекиот килим.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога не мрдав и не мислев многу на него, стомакот како да не го чувствував.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)