Ми се чини сето природно околу нас си имаше свој совршен склад на логични слики и системи, и сето тоа, некако, без да вложиме напор, се само се случуваше, со голема леснтотија, се се одвиваше опкружуввајки не!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гнасна кал. Чиниш сета нечистотија од овие простори.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не мислиш... А којзнае колку ќе чини сето ова?!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Откако ми блесна оваа мисла додека ѝ честитав на Деспина чинам сиот досегашен товар како да падна од мене!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)