чини (гл.) - работа (имн.)

А, не чини работата, си реков јас тогаш, ама ем така си велам ем никако да ми се поверува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кракатау:А, зомби, фураш анархо-либерализам, те глеам, немаш почит за нашите ебани демократски избори, не ти чини работава...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Не чини работата, сине“, последниот пат воздивна нејзиниот глас со задоцнување и со ехо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Добро, господин началник... - почна Гоце да се правда, но началникот го прекина со зборовите: - Доста! Нема да те слушам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да го промениш патот и да тргнеш по друг пат. Инаку не ти чини работата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)