Луѓето повторно заборавија на Бога, се чини сѐ до новите знаменија на Судниот ден.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Си поминал сто илјади километри, а чиниш сѐ уште си на стартот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Танаско и Друже Србине не се изненадуваа, чиниш сѐ однапред знаеја, ама и во нивните очи како да имаше некакво сомневање што може беше и поради жалта по Костадина!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Огледалото му ги фаќаше тие негови движења - копирајќи го чинејќи сѐ што тој чинеше: седни, стани, шетај, пали цигара, гази ја под нога, фаќај се за глава, налактувај се, гризи ги усните.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)